РОДИТЕЛИТЕ ОД КОЧАНИ БАРААТ ОДГОВОРИ Оформете ја накетната комисија – сега
Девет месеци по едногласната одлука на Собранието, родителите прашуваат зошто комисијата сè уште не е оформена.

Девет месеци откако Собранието едногласно изгласа формирање на анкетна комисија за трагедијата во дискотеката „Пулс“, комисијата сè уште не е оформена. Родителите на загинатите бараат итно дејствување од власта и опозицијата.
Од Здружението „16-ти Март 2025 – Кочани“ порачаа дека на семејствата повеќе не им се потребни зборови, туку постапки.
„Ако нема што да се крие зошто сè уште нема Анкетна комисија? Вистината не смее да зависи од политички договор, ниту одговорноста да има партиска боја“, велат родителите.
Тие потсетуваат дека комисијата не е суд, туку треба да утврди каде потфрлил системот и кој имал политичка и институционална одговорност.
„Кој знаел? Кој контролирал? Кој имал надлежност, а не постапил?“, прашуваат родителите.
Родителите на 63 загинати млади луѓе бараат политичарите да престанат со одложувања и конечно да ја отворат вистината пред јавноста.

