ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

Политички преглед на денот, сабота, 12 септември 2026 година.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
Фото: Национал

Политички преглед на денот, сабота 12 септември 2026 година. Што објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од прославата на НАТО фестот, името и ОБСЕ самитот кои завршија во Дубаи и на луксузни јахти, разликата е евидентна денес имаме целосна транспарентност и отчетност

За разлика од СДС и нивниот начин на владеење Владата на ВМРО-ДПМНЕ е целосно транспарентна. Разликата е евидентна.

СДС молчеше за тоа каде завршиле парите од организација на НАТО фестот, прославата за промена на името и ОБСЕ самитот а народот тоа многу јасно може да го види во луксузните јахти на Заев и Филипче, висококатниците во Дубаи и скапите турбо Фолк забави со Харис.

За разлика од нив, парите од прославата за независноста се транспарентно објавени и доколку од СДС сеуште имаат неразјаснати прашања одговорот може да го пронајдат во едночасовната прес-конференција на Владата.

СДС се против се што е добро за граѓаните и државата. СДС е против прослава за независност, против напредок и развој. СДС е најголемата антимакедонска партија и токму затоа се на дното а рејтингот секојдневно им се топи.

СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има за владин вион а да нема пари за 600 евра минимална плата

Додека Мицкоски ужива во луксуз со часовници од 60.000 евра, костуми од 5.000 евра македонските работници евдај врзвуваат крај со крај и не можат да го преживеат месецот. Цените на храната и горивата се до плафон а минималната плата од околу 26.000 денари е недоволна за достоинствен живот.

Синдикална кошничка е 70.000 денари, месечните трошоците со кирија или станбен кредит надминуваат 90.000 денари. Сегашната минимална плата покрива само 31% од основните месечни трошоци на едно семејство а речиси цела минимална плата, околу 25.000 денари, е потребна само за храна и безалкохолни пијалаци.

Кога на тоа ќе се додадат околу 7.000 денари за училишен прибор, 5.000 денари за превоз, 6.000 денари за облека и дополнителните трошоци за здравство, јасно е дека работничките семејства не можат да врзат крај со крај. Затоа СДСМ по третпат го поднесе Предлог-законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, односно 36.960 денари.

600 евра е минимум потребна плата за македонските работници да можат да живеат од сопствениот труд. Пари има, но власта ги троши за погрешни работи. Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има 100 милиони евра за владин авион, мебел, службени автомобили и привилегии за функционерите, а да нема пари за работниците.

Власта нека скрати од сопствениот луксуз и нека ги насочи парите кон зголемување на платите и заштита на животниот стандард. Минималната плата од 600 евра затоа што работниците заслужуваат достоинствен живот, а не секојдневна борба за преживување.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Од 375 на 750 милиони, од 340 на 560 милиони евра – Единствена Македонија бара да се открие каде отидоа парите

Единствена Македонија ја поздравува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за железничкиот Коридор 8 каде проценетата вредност за третата фаза на оваа делница пораснала од 340 на 560 милиони евра.

Единствена Македонија смета дека надлежните институции мора да дадат јасен одговор на две клучни прашања: зошто реализацијата на проектот доцни со години и поради што неговата проценета вредност е зголемена за цели 220 милиони евра?

Но, истовремено, бараме институциите да не застанат само на железничкиот Коридор 8. Потребно е да се испита и целокупната реализација на стратешкиот проект за автопатот Кичево-Охрид, кој наместо да биде модерна сообраќајна артерија, се претвори во повеќегодишна агонија за македонските граѓани.

Изградбата на автопатот започна на 22 февруари 2014 година, со поставување камен-темелник кај кичевското село Извор и првата лопата од тогашниот премиер Никола Груевски. Проектот тогаш беше најавен со вредност од околу 375 милиони евра и рок за изградба од 45 месеци.

Денес, повеќе од 12 години подоцна, автопатот сè уште не е завршен, а од најавените околу 375 милиони евра достигна вредност од околу 750 милиони евра?

Станува збор за иста траса и иста должина на автопатот. Затоа е сосема легитимно граѓаните да прашаат како и зошто цената практично се удвои и каде се потрошени дополнителните стотици милиони евра.

Јавноста заслужува за железницата и автопатот да знае:

Кој ги зголемувал трошоците?
Зошто проектите доцнеле со години?
Кој ги одобрувал дополнителните средства?
И каде завршиле стотиците милиони евра?

Единствена Македонија бара целосна транспарентност и одговорност.

Овие прашања не смеат да останат затворени. Народот заслужува одговор!

CATEGORIES
Share This