ДКСК ОТВОРИ ПРЕДМЕТ Брат на министер и директор на МВР под истрага за незаконски унапредувања и сомнителни дипломи

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отворила две нови истраги за можен непотизам и незаконски унапредувања во државни институции,дознава Национал. 

Првиот предмет се однесува на Игор Андоновски, брат на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и син на советникот за национална безбедност на премиерот, Љупчо Андоновски. Пријавениот Игор Андоновски спротивно на правилата за унапредување во Агенцијата за национална безбедностѕ за само пет месеци двапати бил унапреден во Агенцијата – прво во август 2024 година како началник на единицата Гази Баба, а потоа во декември како началник на канцеларија Скопје.

Иако Законот бара поминување најмалку една година меѓу две унапредувања, тој услов не бил исполнет. Дополнително, спорно е и тоа што Андоновски не поминал задолжително полиграфско тестирање, што е дел од безбедносните процедури за оваа позиција.

Вториот предмет се однесува на Александар Јанев, актуелен директор на Бирото за јавна безбедност. Пријавата наведува дека неговата магистерска диплома е издадена незаконски, што ја доведува под прашање и легитимноста на неговото именување на функцијата.

CATEGORIES
TAGS
Share This