48. СЕДНИЦА Собранието усвои неколку закони по скратена постапка
За предложените измени на Законот за работни односи, исто така поднесени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ќе се изјасни дополнително, откако ќе се создадат соодветни деловнички услови.

Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи 48. седница, на која без расправа ги усвои измените на Законот за оружје и измените на Законот за употреба на македонскиот јазик. Предлог-законите беа поднесени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ и беа донесени по скратена постапка.
За предложените измени на Законот за работни односи, исто така поднесени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ќе се изјасни дополнително, откако ќе се создадат соодветни деловнички услови.
Во рамките на 47. седница, која претходеше на денешната, пратениците ги усвоија и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање.
CATEGORIES Македонија

