ЗЕЛЕНСКИ И КАРНИ ПОТПИШАА ДОГОВОР ШТО ЌЕ ЈА МЕНУВА ИДНИНАТА Канада со над 1 милијарда долари за Украина

Украина и Канада договорија стогодишно партнерство, нова воена помош, ракети за „Патриот“, муниција за Ф-16 и заедничко производство на дронови.

ЗЕЛЕНСКИ И КАРНИ ПОТПИШАА ДОГОВОР ШТО ЌЕ ЈА МЕНУВА ИДНИНАТА Канада со над 1 милијарда долари за Украина
Фото: Принтскрин

Украина и Канада денеска потпишаа серија билатерални документи, меѓу кои и Декларацијата за стогодишно партнерство, со која двете земји најавуваат дополнително продлабочување на меѓусебните односи.

Документот го потпишаа украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во посета на Канада, и канадскиот премиер Марк Карни.

Со декларацијата е предвидено склучување договор за стогодишно партнерство, насочен кон унапредување на економската, политичката и безбедносната соработка, како и поддршка за постигнување праведен и траен мир во Украина.

Покрај декларацијата, Украина и Канада постигнаа договор за одбранбена помош вредна повеќе од една милијарда американски долари.

Според Зеленски, пакетот првенствено ќе биде насочен кон заштита на украинскиот воздушен простор, обезбедување ракети за системите „Патриот“, муниција за борбените авиони Ф-16 и заедничко производство на беспилотни летала.

Вкупната вредност на денеска постигнатите договори меѓу двете земји, според украинските извештаи, надминува две милијарди долари.

Зеленски соопшти дека се постигнати и финансиски договори меѓу украински и канадски компании во енергетскиот сектор.

Канада, исто така, ќе обезбеди поддршка за украинските ветерани, а двете земји ќе формираат и фонд за нивна помош.

Канадската влада за фондот ќе придонесе со 40 милиони долари, средства кои, според Зеленски, ќе бидат наменети за поддршка на украинските програми за ветерани.

CATEGORIES
Share This