ПОРАНЕШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ ОСУДЕН НА 9 ГОДИНИ ЗАТВОР Скандал со медицинска опрема за време на Ковид-19
Абдала Букарам е прогласен за виновен за вмешаност во криминална организација која лажно продавала медицинска опрема за време на пандемијата.

Фото: Принтскрин
Поранешниот претседател на Еквадор, Абдала Букарам, е осуден на девет години и четири месеци затвор поради вмешаност во криминална организација која за време на пандемијата на Ковид-19 лажно продавала медицинска опрема.
Пресудата ја донесе суд во Еквадор, а ја објави „Ројтерс“.
Букарам (74), кој беше претседател на Еквадор од август 1996 до февруари 1997 година, според еквадорските закони би можел казната да ја издржува во домашен притвор поради неговата возраст.
По изрекувањето на пресудата, Букарам разговараше со новинарите од својот дом, но во доставениот материјал не е наведено што конкретно изјавил.
CATEGORIES Свет

