МИЦКОСКИ ДОБИ ОВЛАТУВАЊЕ ЗА НОВИ КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА Таравари ја откри вистинската природа на коалицијата на криминалот

На состанокот, Комитетот донесе одлука да го овласти лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадри на местата што досега ѝприпаѓаа на Алијансата за Албанците, откако нејзиниот лидер Арбен Таравари реши да ја напушти владината коалиција.

МИЦКОСКИ ДОБИ ОВЛАТУВАЊЕ ЗА НОВИ КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА Таравари ја откри вистинската природа на коалицијата на криминалот

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се разгледуваа актуелните политички и економски состојби во државата. На состанокот, Комитетот донесе одлука да го овласти лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадри на местата што досега ѝприпаѓаа на Алијансата за Албанците, откако нејзиниот лидер Арбен Таравари реши да ја напушти владината коалиција.

Од ВМРО-ДПМНЕ со остра критика го оценија овој потег на Таравари, нарекувајќи го „уште едно откривање на вистинското лице на коалицијата која ја штити корупцијата“. Во соопштението од партијата се наведува дека со овој развој на настаните, на политичката сцена се појавува „нов марионетски квартет“, составен од СДС, Алијансата за Албанците, ДУИ и Левица.

„Различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист“, се вели во соопштението, при што ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува наведените партии дека функционираат како продолжена рака на ДУИ, со цел да се овозможи нејзино враќање на власт.

Од партијата оценуваат дека СДС и Алијансата, и покрај нивниот речиси идентичен политички рејтинг, служат како алатки во обидот за политичко рециклирање на ДУИ.

„Како и секоја потрошна роба, и овие политички субјекти ќе бидат отфрлени откако ќе ја завршат својата задача“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение од соопштението, партијата потенцира дека „државата не оди во провалија, туку се извлекува од неа“ и дека „времето на амнестии, рекети и наместени тендери е завршено“. Според нив, „вистинската правда допрва доаѓа“.

„Граѓаните веќе ја изрекоа својата пресуда на изборите. СДС, ДУИ и нивните политички вазали се осудени а вистинскиот суд, оној на правдата, допрва доаѓа“, завршува партиското соопштение.

CATEGORIES
Share This