МУЦУНСКИ ГИ ОТКРИ 3-ТЕ КЛУЧНИ ЗАДАЧИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА Еве што ќе се менува

Националните интереси, економската дипломатија и заштитата на граѓаните во странство се ставени во фокусот на новите насоки за амбасадорите и генералните конзули.

МУЦУНСКИ ГИ ОТКРИ 3-ТЕ КЛУЧНИ ЗАДАЧИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА Еве што ќе се менува
Фото: Принтскрин

Заштитата на македонските национални интереси, јакнењето на економската дипломатија и унапредувањето на грижата за македонските граѓани во странство се трите стратешки национални приоритети што денеска ќе бидат претставени пред членовите на Амбасадорскиот совет.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, пред почетокот на седницата истакна дека целта е амбасадорите и генералните конзули директно да ги слушнат владините приоритети за следната година и да добијат конкретни насоки за нивното спроведување.

Како прв приоритет, Муцунски ја посочи заштитата на македонските национални интереси и нивното застапување во меѓународни рамки.

Вториот приоритет се однесува на искористување на потенцијалот на дипломатско-конзуларните претставништва во областа на економската дипломатија, со посебен акцент на поттикнувањето на трговијата и зголемувањето на извозот.

Третиот приоритет е заштитата на интересите на македонските граѓани надвор од државата. Тоа, како што посочи Муцунски, се однесува и на Македонците кои живеат во странство и на граѓаните кои патуваат надвор од земјата поради различни причини.

Во овој дел, посебно внимание ќе биде посветено на унапредување и модернизација на конзуларните услуги, со цел граѓаните во странство да добиваат побрзи, поквалитетни и поефикасни услуги.

На Амбасадорскиот совет треба да се обрати и премиерот Христијан Мицкоски, кој ќе ги претстави владините приоритети и очекувањата од дипломатско-конзуларната мрежа во периодот што следува.

МИЦКОСКИ ДИРЕКТНО – Нема повеќе дипломатија за жолтици

CATEGORIES
Share This