УКРАИНА ВО ФОКУСОТ НА СОБРАНИЕТО Голем настан по повод 35 години независност
Пратеници и европски амбасадори на сесија за поддршка на Кримската платформа, со изложби и промоција на книга во Собранието

Во понеделник, 24 август, со почеток во 10:45 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието, ќе се одржи Сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина.
Сесијата ќе ја отвори потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Предвидени се обраќања на членови на Интерпартиската парламентарна група и на амбасадорката на Украина, Лариса Дир, како и на амбасадори на земјите членки на Европската Унија.
Во рамки на одбележувањето на украинската независност, ќе бидат отворени и две изложби – „Враќање на сеќавањето на Херсон“ и „Светското наследство на Украина под заштита на УНЕСКО“.
Дополнително, во Кристалната сала на Собранието ќе биде промовирана книгата „Црниот гавран: Останатиот“ од авторот Васил Шкраљ.
Од Собранието посочуваат дека сесијата има за цел продлабочување на парламентарната соработка со Украина и потврдување на заложбите за континуирана поддршка на земјата.

