СЕ ЧЕКА ПРЕСУДАТА ЗА ВАСИЛ ЈОВАНОВ Младото момче што ја прегази Фросина Кулакова на „Партизанска“

Во Основниот кривичен суд – Скопје, денеска е закажано рочиште на кое треба да биде објавена пресудата за Васил Јованов, кој во јануари годинава ја усмрти Фросина Кулакова на улицата „Партизанска“, во близина на Универзалната сала. Трагичната несреќа ја потресе јавноста, особено по објавувањето на деталите од истрагата.

Според обвинението, на 29 јануари, Васил Јованов управувал со возило марка „Пежо 207“ со брзина од 91 километар на час, без да поседува важечка возачка дозвола. На пешачки премин, на црвено светло за возачите, со автомобилот удрил во Фросина Кулакова, која минувала на зелено. Од силината на ударот, Кулакова починала на лице место.

Обвинителството го товари Јованов за тешко кривично дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за што е предвидена казна затвор до 20 години. Јованов на претходното рочиште го призна делото.

Покрај Васил, обвинителен предлог е поднесен и против неговиот татко, Зоран Јованов. Тој се товари за кривично дело „предизвикување општа опасност“, затоа што му го дозволувал возилото на синот иако знаел дека нема дозвола и веќе сторил повеќе сообраќајни прекршоци.

На последното рочиште, обвинителот Александар Марковски пред судот го нагласи досието на Васил Јованов како отежнувачка околност. Против него има веќе правосилна пресуда со казна затвор од три години и десет месеци, како и пет прекршочни постапки за сообраќајни прекршоци кои не се процесуирани.

Случајот предизвика силна реакција кај граѓаните, кои на социјалните мрежи и преку јавни собири бараа строга казна и правда за Фросина Кулакова. Денешната пресуда се смета за важен сигнал за тоа како судството ќе се справи со слични случаи на несовесно и нелегално управување со возила.

Очекувањата се големи – од судот, но и од општеството кое сè погласно бара нулта толеранција за криминал во сообраќајот.

CATEGORIES
TAGS
Share This