ИЛИНДЕН ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Еве кои локации ќе бидат погодени

Прекинот ќе трае од 06:00 до 13:00 часот поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа.

ИЛИНДЕН ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Еве кои локации ќе бидат погодени
Фото: Национал

Жителите на повеќе локации во општина Илинден денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Според информациите од ЕВН Македонија АД, прекинот ќе трае од 06:00 до 13:00 часот, а без струја ќе останат село Мралино, бензинската пумпа „Дади компани“ во Мралино и делови од населбата Дрма.

Од ЕВН посочуваат дека прекинот е однапред планиран и е неопходен за реализација на технички активности на електричната мрежа.

CATEGORIES
Share This