ДО 35 СТЕПЕНИ, НО ВО ОВИЕ ДЕЛОВИ ЌЕ ВРНЕ Новата временска прогноза
Во најголем дел од земјата ќе биде сончево, но во јужните делови се очекуваат локален пороен дожд и ретки грмежи.

Фото: Национал
Сончево време со мала до умерена локална облачност, а дневните температури ќе се движат од 12 до 35 степени. Во јужните делови од земјата се очекува зголемена облачност, со услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија

