УДАР ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА Автомобилскиот сектор падна на најниско ниво во 20 години

За само една година индустријата загубила 42.300 работници, а најголем удар претрпеа производителите на автомобилски делови.

УДАР ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА Автомобилскиот сектор падна на најниско ниво во 20 години
Фото: Принтскрин

Германската автомобилска индустрија продолжува да ја намалува бројноста на својата работна сила, покажуваат најновите податоци на германскиот завод за статистика „Дестатис“.

На крајот од првата половина на 2026 година, во автомобилскиот сектор во Германија биле вработени околу 691.500 лица. Тоа е за 42.300 работници, односно 5,8 проценти, помалку во споредба со истиот период минатата година.

Со ова, бројот на вработени во германската автомобилска индустрија паднал на најниско ниво од 2005 година.

Најголемо намалување е регистрирано кај компаниите што произведуваат автомобилски делови и опрема. Во овој сегмент бројот на вработени се намалил за 7,6 проценти на годишно ниво, достигнувајќи 219.500 лица.

Податоците укажуваат на продолжување на притисокот врз германскиот автомобилски сектор, кој во последниот период се соочува со значајни промени и намалување на бројот на работни места.

CATEGORIES
Share This