ИДНИ БРУЦОШИ, ВНИМАНИЕ – УКЛО објави 2.115 слободни места, еве каде можете да се запишете
Првиот уписен рок е од 18 до 21 август, а слободни места има на 11 факултети и високообразовни единици на УКЛО.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги отвора вратите за новата генерација бруцоши. За академската 2026/2027 година, на прв циклус – додипломски студии, предвидени се вкупно 2.115 слободни места, од кои 1.074 се во државна квота, 612 за кофинансирање и 429 за вонредни студии.
Според Конкурсот, првиот уписен рок ќе се одржи од 18 до 21 август 2026 година, кога кандидатите ќе можат да се пријават за студирање на некоја од единиците на УКЛО.
Слободните места по факултети се распоредени на следниот начин:
- Технички факултет – Битола: 370 места
- Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола: 250 места
- Технолошко-технички факултет – Велес: 112 места
- Економски факултет – Прилеп: 202 места
- Факултет за туризам и угостителство – Охрид: 261 место
- Педагошки факултет – Битола: 245 места
- Факултет за безбедност – Скопје: 225 места
- Правен факултет – Кичево: 150 места
- Факултет за биотехнички науки – Битола: 95 места
- Ветеринарен факултет – Битола: 25 места
- Висока медицинска школа – Битола: 180 места
Конкурсот, условите за упис и сите дополнителни информации се достапни на официјалната веб-страница на УКЛО и на веб-страниците на факултетите и Високата медицинска школа.
Од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола посочуваат дека со изборот на УКЛО, студентите стануваат дел од академска заедница од повеќе од 4.000 студенти, но и од поширока европска мрежа преку членството во Европската универзитетска алијанса КОЛОРС, која обединува повеќе од 120.000 студенти.
УКЛО на идните студенти им нуди квалитетна настава, практични искуства, можности за студентска мобилност и меѓународна соработка, како и учество во различни активности и програми во рамки на КОЛОРС алијансата.
Заинтересираните кандидати повеќе информации можат да најдат на официјалната веб-страница на УКЛО: uklo.edu.mk.

