ОД ДАМАСК ДО МОСКВА, ПА ДО СМРТНА КАЗНА Судот пресече за Башар ал Асад
Поранешниот владетел е осуден во отсуство по обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е осуден на смрт во отсуство, откако сириски суд го прогласи за виновен за „воени злосторства“ и „злосторства против човештвото“ сторени за време на долгогодишната граѓанска војна во земјата.
Ова е првата ваква пресуда против поранешниот владетел откако во Сирија беше воспоставена преодна влада.
Асад, кој по падот на неговиот режим во декември 2024 година избега во Москва заедно со членовите на семејството, беше осуден во отсуство, бидејќи не се појави пред судот.
Пресудата доаѓа во период кога новите сириски власти започнаа судски постапки против повеќе високи функционери и припадници на поранешната влада, при што дел од обвинетите се појавуваат пред судот, додека други се гонат во отсуство.
Заедно со Асад на смртна казна е осуден и Атеф Наџиб, поранешен шеф на политичката безбедност во јужната сириска покраина Дара. За разлика од Асад, Наџиб, наводно, бил присутен на судењето.
Пресудата претставува еден од најзначајните судски чекори досега насочени кон поранешниот сириски режим и неговите највисоки функционери.

