15 УАПСЕНИ ЗА ЕДНА НОЌ Меѓу нив и тројца малолетници, полицијата откри шокантни прекршоци
Десет лица возеле без возачка дозвола, други биле фатени пијани или со активна забрана за управување.

Полицијата во изминатото деноноќие лишила од слобода 15 лица низ Македонија поради кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Најголем дел од приведените, односно 10 лица, биле фатени како управуваат возило без возачка дозвола. Меѓу нив имало и тројца малолетници.
Дополнително, две лица возеле под дејство на алкохол, едно управувало возило и покрај активна забрана, додека две лица биле затекнати како возат без возачка дозвола и под дејство на алкохол.
Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од полицијата повторно апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да не седнуваат зад волан без дозвола, со активна забрана или под дејство на алкохол.

