ВНИМАНИЕ ВО СООБРАЌАЈОТ Пренасочување кај Групчин, се вози по стариот пат

Од 9 часот изменет режим на автопатот Тетово–Скопје поради одбележувањето кај Карпалак.

ВНИМАНИЕ ВО СООБРАЌАЈОТ Пренасочување кај Групчин, се вози по стариот пат
Фото: Национал

Од денеска, 8 август, од 9 часот, сообраќајот на автопатот Тетово–Скопје кај клучката Групчин се пренасочува по стариот пат поради одбележување кај спомен-плочата на местото викано Карпалак.

Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека сообраќајот на државните патишта во останатиот дел од земјата се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, што е особено забележливо на граничните премини.

На ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, додека на ГП Богородица за излез од земјава се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите каде што постои можност од појава на одрони.

Зголемено внимание се препорачува на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид–Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со максимална дозволена маса до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This