ТЕМПЕРАТУРИ ДО 39 СТЕПЕНИ Попладне нè очекува пресврт со дожд и грмежи

Сончево и многу топло во текот на денот, но попладне локално ќе се развива нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

ТЕМПЕРАТУРИ ДО 39 СТЕПЕНИ Попладне нè очекува пресврт со дожд и грмежи
Фото: Принтскрин

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат од 15 до 39 степени Целзиусови.

Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследен со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе биде засилен.

Попладне и во Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

CATEGORIES
Share This