Холивудската ѕвезда Хали Бери уште еднаш ја воодушеви јавноста со своите фотографии од летниот одмор. Актерката, која неодамна го прослави 59-тиот роденден, покажа дека и понатаму ужива во вниманието на фановите и без двоумење споделува моменти од приватниот живот.
Добитничката на „Оскар“ отпатува на егзотичниот Фиџи со свршеникот Van Hunt, каде ужива во сонцето, плажите и луксузниот одмор. Иако за патувањето подготвила различни комбинации за плажа, некои од нив останаа неискористени.
Бери на социјалните мрежи објави фотографии од релаксирачките моменти покрај базенот, кои веднаш предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници. Нејзиниот изглед и енергија повторно станаа тема на разговор, а фановите ја пофалија за нејзината самодоверба и природен шарм.