НЕВРЕМЕТО ГО ПРЕКИНА МЕЧОТ, НО НЕ И МЕСИ Генијалецот со два гола и асистенција испиша историја

Аргентинската ѕвезда го предводеше Интер Мајами до победа над Атлетико Сан Луис и уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите во историјата.

НЕВРЕМЕТО ГО ПРЕКИНА МЕЧОТ, НО НЕ И МЕСИ Генијалецот со два гола и асистенција испиша историја
Фото: Принтскрин

Лионел Меси продолжува да воодушевува со своите маестрални партии. Аргентинската фудбалска икона по успешниот настап на Светското првенство ја продолжи голгетерската серија и во дресот на Интер Мајами.

Капитенот на тимот од Флорида беше клучната фигура во победата од 4-2 над Атлетико Сан Луис во Лига Купот, постигнувајќи два гола и додавајќи асистенција.

Иако гостите рано поведоа во четвртата минута, Меси брзо одговори и во 11-тата минута го израмни резултатот. Потоа Теласко Сеговија направи пресврт, а аргентинскиот ас пред паузата повторно ја затресе мрежата за водство од 3-1.

Во продолжението од натпреварот Меси повторно беше во центарот на вниманието, овојпат како асистент, откако му овозможи на Микаел да погоди за убедливи 4-1.

Средбата беше прекината околу 30 минути во второто полувреме поради силно невреме и грмотевици во близина на стадионот, но тоа не го наруши впечатокот од уште една фантастична вечер на Меси.

Со двата нови погодоци, аргентинскиот мајстор постави нов рекорд во четиригодишната историја на Лига Купот со 14 постигнати голови во ова натпреварување.

CATEGORIES
Share This