СИТЕ ОЧИ КОН ХОРМУС Договор меѓу Иран и САД може да го промени светот

Клучниот енергетски премин повторно е во центарот на глобалната криза – Оман посредува, Вашингтон и Техеран преговараат.

СИТЕ ОЧИ КОН ХОРМУС Договор меѓу Иран и САД може да го промени светот
Фото: Принтскрин

Иран и САД, со посредство на трета страна, би можеле да постигнат договор за идниот статус на Хормускиот теснец,, една од најважните поморски точки во светот низ која се транспортира голем дел од глобалните енергетски ресурси. Во јавноста се појави анимација која го прикажува интензивниот поморски сообраќај во оваа стратешка зона, која повторно е во фокусот на меѓународната заедница.

Според „Ројтерс“, од Вашингтон сè уште нема официјална потврда за деталите од евентуалниот договор. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека постигнување договор за повторно отворање на теснецот е неизбежно, но американските власти нагласуваат дека нема да прифатат Иран да има целосна контрола врз пристапот до еден од најзначајните поморски патишта за транспорт на нафта и гас.

Евентуален договор со кој Техеран би добил поголемо влијание врз управувањето со сообраќајот низ Ормускиот теснец би претставувал сериозна геополитичка промена и би можел да ја промени рамнотежата на силите на Блискиот Исток. Пред последниот конфликт, теснецот функционираше како отворен меѓународен поморски коридор, низ кој бродовите минуваа без дополнителни ограничувања или специјални такси.

Во рамките на пошироките дипломатски напори, Иран и Оман водат разговори за идното управување со Ормускиот теснец, кој се наоѓа меѓу двете земји и е поделен меѓу нивните поморски зони. Техеран соопшти дека е постигнат напредок во преговорите и инсистира дека и домашниот и меѓународниот поморски сообраќај треба да се одвива преку иранските територијални води. Американските медиуми наведуваат дека Оман има клучна посредничка улога во разговорите меѓу Вашингтон и Техеран, а токму оваа земја би можела да биде мостот за постигнување поширок договор.

Ормускиот теснец има огромно стратешко значење бидејќи низ него минува значаен дел од светскиот транспорт на енергенси. Секое нарушување на неговото функционирање може да предизвика потреси на глобалните пазари на нафта и гас.

Преговорите не се однесуваат само на отворањето на поморската рута, туку и на безбедносните механизми, заштитата на суверенитетот на Иран и Оман, како и можноста за формирање заеднички координативен центар за следење и управување со бродскиот сообраќај.

Идниот договор за Ормускиот теснец би можел да стане еден од најзначајните дипломатски потези во регионот, со последици што би се почувствувале далеку над границите на Блискиот Исток.

CATEGORIES
Share This