АКЦИЈА ВО ЗЛОКУЌАНИ Откриени дивоградби, инспектори и полиција на терен, најавени уште пожестоки контроли

Во заедничка акција на Општина Карпош и полицијата беа евидентирани бесправно изградени објекти, отстранет кабаст отпад и изречени опомени, а најавени се уште позасилени инспекциски контроли.

АКЦИЈА ВО ЗЛОКУЌАНИ Откриени дивоградби, инспектори и полиција на терен,  најавени уште пожестоки контроли
Фото: Принтскрин

Општина Карпош, преку Секторот Инспекторат и во координација со полициски службеници од Полициската станица Карпош, спроведе вонредна инспекциска акција во урбаната заедница Злокуќани, насочена кон сузбивање на бесправната градба и подобрување на јавната хигиена.

При контролите, градежниот инспектор констатирал неправилности поврзани со бесправно изградени објекти, по што биле започнати соодветни инспекциски постапки согласно законските надлежности.

Паралелно со тоа, комуналниот инспектор, заедно со службите задолжени за одржување на јавната чистота и со механизација, организирал расчистување на кабаст отпад од јавни површини на улицата „Скупи“, како и од внатрешноста на населбата.

Во текот на акцијата, биле изречени повеќе опомени за физички лица и домаќинства поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота. Инспекциските служби разговарале и со жителите на Злокуќани, кои ги посочиле комуналните проблеми и предизвици со кои секојдневно се соочуваат.

Од Општина Карпош најавуваат дека инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, а заедничките акции со полицијата ќе бидат дополнително засилени со цел поголема контрола, почитување на законските прописи и подобрување на јавниот ред и чистотата во Злокуќани.

CATEGORIES
Share This