МИЛАТОВИЌ СО ЛЕКЦИЈА ДО МАНДИЌ И СПАЈИЌ Не мораше да ја славите „Бура“ за да имате добри односи со Хрватска

Кабинетот на црногорскиот претседател порача дека добрососедските односи со Хрватска не значат задолжително присуство на настани кои кај дел од граѓаните будат болни спомени.

МИЛАТОВИЌ СО ЛЕКЦИЈА ДО МАНДИЌ И СПАЈИЌ Не мораше да ја славите „Бура“ за да имате добри односи со Хрватска
Фото: Принтскрин

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упати порака до претседателот на Собранието, Андрија Мандиќ, и премиерот Милојко Спајиќ по нивното присуство на одбележувањето на хрватската воено-полициска операција „Бура“.

Од Кабинетот на Милатовиќ порачаа дека Црна Гора ги гради и негува добрите односи со Хрватска како соседна земја и партнер на европскиот пат, но дека тие односи треба да се темелат на меѓусебно почитување и соработка.

„Не е неопходно присуство на настани кои кај голем број граѓани во Црна Гора будат болни спомени“, се наведува во соопштението.

Од Кабинетот посочуваат дека „Бура“ има различно значење за различни заедници. За дел од граѓаните во Хрватска таа претставува симбол на победа во војната, додека за голем број Срби е поврзана со страдање, прогон и губење на домовите.

„Одговорната државна политика на граѓанска и европска Црна Гора подразбира умереност и почитување на сите жртви на војните на територијата на поранешна Југославија, без селективен пристап“ – порача Кабинетот на Милатовиќ.

CATEGORIES
Share This