МАКЕДОНИЈА ОБЕЗБЕДИ ПЛАСМАН НА ЕП 2026 Сигурна победа над Литванија

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација го завери својот пласман на Европското првенство 2026 со уверлива победа над Литванија од 26:17 (13:11) на домашен терен во Скопје.
Иако на Македонија ѝ беше доволна и победа од само два гола разлика, избраниците на селекторот Кирил Лазаров покажаа зрелост, борбеност и надмоќ во второто полувреме, со што на крајот дојдоа до убедлив триумф.
Со оваа победа, Македонија го освои второто место во квалификациската група. Првопласирана е Словенија, додека Литванија и Естонија ги завршија натпреварувањата на третата, односно последната позиција.
Селекторот Лазаров изрази задоволство од настапот на своите ракометари:
„Честитки до моите ракометари. По големата победа над Естонија, имавме самодоверба. Натпреварот против Литванија не го почнавме добро – типично македонски – но со текот на времето играта се стабилизираше и го презедовме контролата. Немаше паника, што е невообичаено за нашиот менталитет. Покажавме карактер и стигнавме до неочекувано висока победа.“
Македонија ќе настапи на уште едно големо ракометно натпреварување, каде што ќе се соочи со најсилните селекции на Стариот континент. Очекувањата се големи, а поддршката од навивачите – сигурна.


