НЕ СМЕ СПИЕНИ ПЕТ НОЌИ Белиот Лебед со жестока реакција за малолетниците во Охрид

Јасмина Петковска реагираше на однесувањето на групи малолетници кои, според неа, престојувале сами во Охрид и го нарушувале мирот на станарите.

НЕ СМЕ СПИЕНИ ПЕТ НОЌИ Белиот Лебед со жестока реакција за малолетниците во Охрид
Фото: Социјални мрежи

Познатата охридска авторка Јасмина Петковска, позната во јавноста како „Белиот Лебед“, преку Фејсбук реагираше на однесувањето на дел од малолетните посетители кои во изминатите денови престојувале во Охрид без родителска придружба. Петковска во објавата наведува дека групи деца на возраст од 14 до 16 години биле сместувани по десетина во еден стан, а нивното однесување, според неа, сериозно го нарушувало мирот на станарите.

„Викање, тепање меѓу нив, вриштење по улици и на балкони во 4, 5 и 6 часот наутро. Не сме спиени пет ноќи“, напиша Петковска.

Таа упати критика и до родителите кои, како што наведува, ги пуштаат малолетните деца сами да престојуваат во друг град, но и до сопствениците кои им издаваат сместување. Според нејзините наводи, дел од младите престојувале непријавени, оставале отпад и предизвикувале оштетувања во заедничките простории. Таа исто така тврди дека имало и случаи на консумирање алкохол и употреба на недозволени супстанции.

„Побитно е илјадарче плус отколку мирот, стравот и вознемирувањето на околината“, напиша авторката.

Петковска смета дека ваквите ситуации отвораат прашања за родителската контрола, одговорноста на сопствениците на приватното сместување и контролата врз престојот на малолетници без придружба. Нејзината реакција повторно го актуелизира прашањето за пријавувањето на туристите и одговорноста на оние што издаваат станови, особено во периодот на летната сезона кога Охрид бележи зголемен број посетители.

CATEGORIES
Share This