ГУЖВИ НА ПАТИШТАТА И ГРАНИЦИТЕ Еве каде се чека најдолго
Табановце со најдолго задржување, а АМСМ апелира на внимателно и приспособено возење.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а коловозите се суви. Надвор од градските средини е забележан зголемен интензитет на сообраќај, соопшти АМСМ.
Поради зголемената фреквенција на возила, има подолги задржувања на дел од граничните премини.
На ГП Табановце, за влез во државата, времето на чекање е подолго од еден час, додека на ГП Богородица, за излез од земјата, се чека околу 15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.
Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.
Вниманието особено треба да биде зголемено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тона, согласно сезонскиот режим на сообраќај.

