ФОТОГРАФИИТЕ ПРЕДИЗВИКАА БУРА ОД РЕАКЦИИ Сидни Свини го промовираше својот нов бренд

Актерката лично е дел од кампањата за новата линија, а објавата на социјалните мрежи веднаш привлече големо внимание.

ФОТОГРАФИИТЕ ПРЕДИЗВИКАА БУРА ОД РЕАКЦИИ Сидни Свини го промовираше својот нов бренд
Фото: Принтскрин

Холивудската актерка Сидни Свини го направи следниот чекор во својата деловна кариера, претставувајќи ја новата линија на долна облека од својот бренд.

Свини на социјалните мрежи сподели серија фотографии на кои заедно со својата блиска пријателка ги претставуваат новите модели. Објавата за кратко време привлече големо внимание, а следбениците реагираа со бројни коментари и лајкови.

Актерката, која јавноста ја препознава по улогите во повеќе успешни филмски и телевизиски проекти, одлучи лично да биде дел од кампањата за својот бренд. Фотографиите го ставаат акцентот на дизајнот и препознатливата естетика на новата колекција.

Со овој потег Свини продолжува да го проширува своето присуство надвор од актерството и да гради кариера во модниот и бизнис-секторот. Новата колекција официјално го означува почетокот на продажбата на нејзината линија.

CATEGORIES
Share This