ВРАТИ ПАСОШ, ПА ЗАМИНА ВО ПЕНЗИЈА Винца повеќе не е судија

Винца беше претседател на советот кој одлучи да му го врати пасошот на бизнисменот Борче Марковски.

ВРАТИ ПАСОШ, ПА ЗАМИНА ВО ПЕНЗИЈА Винца повеќе не е судија
Фото: Принтскрин

Претседателот на Основниот суд Струга, Вулнет Винца, од денеска повеќе не ја извршува судиската функција, откако ги исполнил условите за старосна пензија. Винца беше претседател на тричлениот кривичен совет кој донесе одлука да му го врати пасошот на битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски.

Судскиот совет денеска го отфрли барањето на Винца за продолжување на вршењето на судиската функција по исполнувањето на условите за пензија. Како причина беше наведено ненавременото доставување на потребната писмена изјава.

На седницата, претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, информираше дека до Советот било доставено барање од Винца за продолжување на функцијата и по исполнувањето на условите за старосна пензија. Членката на Судскиот совет, Сузана Јошевска-Анастасовска, посочи дека од доставената документација произлегува оти писмената изјава се однесувала на продолжување на работниот однос за избрани и именувани лица.

Според неа, изјавата била доставена на 21 ноември 2025 година, иако законскиот рок за нејзино доставување бил 31 август 2025 година. Во меѓувреме, Винца денеска потврди дека тричлениот кривичен совет со кој претседавал донел одлука за враќање на пасошот на Борче Марковски. Така, одлуката за пасошот била донесена во период кога Винца веќе ги исполнувал условите за старосна пензија, а денеска официјално престана да ја извршува судиската функција.

Да потсетиме, Марковски беше упасен во октомври 2025, а од притвор беше пуштен во јануари 2026 со гаранција во износ од 303.879.265,00 денари или 4.9 милиони евра во недвижен и подвижен имот. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга првично на 15.06.2026 година даде негативно мислење за прифаќање на ова барање. Откако одбраната поднела ново барање, јавниот обвинител го реферирал предметот во Вишото јавно обвинителство Битола. Од реферирањето е изготвен записник, при што Вишиот јавен обвинител донел заклучок со кој понискиот јавен обвинител го задолжил да поднесе позитивно мислење да се уважи предлогот на одбраната за враќање на привремено одземената патна исправа.

ОДБИЕНО, ПА ОДОБРЕНО Му го враќаат пасошот на обвинетиот за злоупотребени милионски тенедери за РЕК „Битола“

CATEGORIES
TAGS
Share This