34 ИЛЈАДИ ПРИЧИНИ ЗА УСПЕХ Битолскиот театар ја испиша една од најдобрите сезони

Осум премиери, 177 изведби и голем меѓународен пробив со „Кориолан“ ја одбележаа сезоната 2025/2026.

34 ИЛЈАДИ ПРИЧИНИ ЗА УСПЕХ Битолскиот театар ја испиша една од најдобрите сезони
Фото: Принтскрин

НУ Народен театар Битола успешно ја заврши сезоната 2025/2026 со осум премиерни претстави, 177 репризни изведби и 34.311 посетители. Во споредба со претходната сезона, бројот на репризи е зголемен за 27 проценти, а посетеноста за 37 проценти.

Меѓу најзначајните проекти беше претставата „Кориолан“ по Шекспир, во режија на Џон Блондел, која беше изведена на „Охридско лето“, а потоа ја имаше и светската премиера на Verona Shakespeare Fringe Festival во Италија.

Во текот на сезоната, Битолскиот театар реализираше повеќе премиери, меѓу кои „Госпоѓа Бовари“, „Секстет“, „Пинокио“ и „Пламенка“, а гостуваше и на фестивали во Романија, Црна Гора и низ Македонија.

Театарот продолжи со меѓународни соработки, партнерства со институции и компании, а беше домаќин и на бројни странски уметници и ансамбли. Посебно внимание привлече пронаоѓањето на оригиналната завеса од времето на Битолскиот градски театар, која има историско значење за македонската театарска сцена.

Новата сезона НТБ ќе ја отвори со „Господин Благородник“ од Молиер во режија на Благој Мицевски, а најавени се и нови проекти и подготовките за „Битола Шекспир фестивал“ во ноември.

CATEGORIES
Share This