АРСЕНАЛ ОСТАНА БЕЗ ТРАНСФЕР-БОМБАТА Винисиус ја избра иднината во Реал Мадрид

Лондончани губат надеж дека ќе успеат да го донесат Бразилецот, кој според „Марка“ е подготвен да потпише нов договор со Реал.

АРСЕНАЛ ОСТАНА БЕЗ ТРАНСФЕР-БОМБАТА Винисиус ја избра иднината во Реал Мадрид
Фото: Принтскрин

Арсенал се откажува од надежите за реализација на најголемата трансфер-бомба ова лето. „Топчиите“ со големи амбиции тргнаа во обид да го доведат бразилскиот ас Винисиус Жуниор од Реал Мадрид, но плановите на лондонскиот клуб почнаа сериозно да бледнеат.

Според шпанска „Марка“, повикувајќи се на извори блиски до Арсенал, англискиот гигант проценува дека шансите за остварување на трансферот се минимални. Во клубот наводно добиле информации дека Винисиус сепак ќе продолжи да биде дел од „кралскиот клуб“ и ќе стави потпис на нов договор со Реал Мадрид.

Бразилскиот репрезентативец зад себе има уште една силна сезона. Во изминатото првенство на Ла Лига одигра 36 натпревари, на кои постигна 16 голови и запиша пет асистенции.

CATEGORIES
Share This