И ПОКРАЈ НОВИТЕ НАПАДИ – САД и Иран продолжуваат со разговорите, Пакистан посредува за деескалација

Дипломатијата не запира: САД и Иран преговараат додека одекнуваат нови напади.

И ПОКРАЈ НОВИТЕ НАПАДИ – САД и Иран продолжуваат со разговорите, Пакистан посредува за деескалација
Фото: Принтскрин

Преговорите меѓу Иран и Соединетите Американски Држави продолжуваат и покрај новото зголемување на тензиите по американските воздушни напади врз цели во Иран и нападот врз американска воена база во Јордан, соопшти портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи, Тахир Андраби.

Според него, разговорите меѓу двете страни се одржуваат во Исламабад, а главни теми се состојбата во Ормутскиот теснец и можностите за намалување на тензиите.

„Преговорите меѓу страните продолжуваат, особено во врска со Хормутскиот теснец и деескалацијата“, изјави Андраби, пренесува CBS News.

Тој додаде дека Пакистан вложува „максимални напори“ за повторно враќање на сите засегнати страни на технички разговори во рамките на постигнатиот договор. Исламабад претходно имаше улога на посредник во обидите за постигнување договор меѓу Иран и САД, со цел отворање пат за подолгорочно дипломатско решение.

Сепак, претходните директни и индиректни разговори меѓу Вашингтон и Техеран, кои започнаа по прекинот на огнот во април, набрзо наидоа на пречки, а договореното примирје пропадна претходно овој месец.

CATEGORIES
Share This