СТУДЕНТИТЕ ДОБИВААТ НОВА ШАНСА Над 60 млади започнуваат практикантска работа во своите општини

Проектот „Месеци на практикантство“ има цел на студентите да им овозможи практично искуство и знаења поврзани со нивната струка.

СТУДЕНТИТЕ ДОБИВААТ НОВА ШАНСА Над 60 млади започнуваат практикантска работа во своите општини
Фото: Принтскрин

Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) денеска во Скопје официјално ќе го претстават проектот „Месеци на практикантство“, наменет за поврзување на студентите со локалните самоуправи и стекнување практични работни искуства.

Промоцијата на проектот ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“, а на настанот ќе присуствуваат претставници од локалната самоуправа, градоначалници, студенти, професори, претприемачи и партнери вклучени во реализацијата.

На присутните ќе им се обратат министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ и директорката на ИНОВА, Даниела Димовска.

Целта на иницијативата е студентите да добијат можност за практична работа поврзана со нивната област на студирање, преку ангажман во општините од кои потекнуваат. На овој начин, како што посочуваат организаторите, младите ќе можат полесно да ги надградат своите знаења и да стекнат искуство од реалната работна средина.

Во првиот циклус од проектот, практикантска работа во општините низ земјава ќе започнат повеќе од 60 студенти.

CATEGORIES
Share This