НОВА ЗАКАНА ЗА БЛИСКИОТ ИСТОК Иран преговара за Хормус, а ракетите повторно летаат

Разговорите меѓу Иран и Оман носат надеж за намалување на кризата, но новите ракетни напади ја зголемуваат неизвесноста.

НОВА ЗАКАНА ЗА БЛИСКИОТ ИСТОК Иран преговара за Хормус, а ракетите повторно летаат
Фото: Принтскрин

Додека преговорите меѓу Иран и Оман за нормализирање и безбедно одвивање на морскиот сообраќај низ Хормускиот теснец бележат напредок, САД ги прекинаа воздушните напади врз Иран по речиси две недели воена операција.

Иранските власти соопштија дека е постигнат одреден напредок во разговорите со Оман, кои се фокусирани на управувањето со поморскиот сообраќај низ стратешки значајниот Хормуски теснец.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека заменик-министрите за надворешни работи на Иран и Оман во петокот и саботата одржале средби во Техеран, на кои разговарале за обезбедување на безбеден и непречен поморски сообраќај.

Во меѓувреме, тензиите продолжуваат да растат и во други делови од Блискиот Исток. Саудиска Арабија и јеменските Хути разменуваат ракетни напади, што дополнително ги зголемува стравувањата дека регионалниот конфликт би можел да се прошири и да отвори нов фронт.

CATEGORIES
Share This