ВОЈНАТА НЕ ЗАВРШУВА Трамп запре со нападите, но Иран испрати јасна порака
Иранскиот безбедносен функционер порача дека нападите ќе продолжат сè додека непријателот „целосно не се предаде“, додека Трамп нареди прекин на американските напади.

Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохамед Багер Золкадр, изјави дека иранските сили ќе продолжат со нападите сè додека, како што вели, непријателот целосно не се предаде и не биде „одмаздено“ за загубените животи во американските напади.
Золкадр, кој е еден од највисоките безбедносни функционери во Иран, според иранската државна новинска агенција ИРНА, посочи дека целите на иранските напади се американски воени, безбедносни и финансиски објекти низ регионот.
„Континуираните и целни напади од страна на нашите борци се израз на гневот на иранската нација против системот на доминација“, изјави тој.
Тој додаде дека воените операции ќе продолжат сè додека не се постигне целосна предаја на непријателот, посочувајќи ги како причина и жртвите од градовите Минаб и Ламерд, кои, според Техеран, биле погодени во американските напади.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп, според медиумските извештаи, наредил прекин на нападите врз ирански цели, по речиси две недели интензивни воени операции.
Одлуката следувала по дипломатски контакти со посредство на Оман во Техеран, во рамки на разговори за можноста за повторно воспоставување на поморскиот сообраќај низ Хормускиот теснец, еден од клучните светски коридори за транспорт на нафта.
Портпаролот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) изјави дека иранските напади погодиле американски воени капацитети низ регионот. Според неговите тврдења, уништени биле 17 извидувачки и оперативни беспилотни летала, како и еден борбен авион Ф-15, авион П-8, транспортен авион Ц-17 и осум авиони за полнење гориво. Тврдењата беа објавени преку иранската новинска агенција Фарс, но засега не се наведени независни потврди за обемот на пријавените загуби.
КРИЕЧКИ ПРЕГОВОРИ ВО БЕЛАТА КУЌА Трамп откри што се случува зад затворени врати со Иран


