ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ПАТИШТАТА На овој граничен премин се чека 30 минути
На Богородица има зголемена фреквенција на возила, а АМСМ предупредува на внимателно возење поради можност од одрони на повеќе делници.

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, а коловозите се суви, информираат од АМСМ.
Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од населените места. На граничниот премин „Богородица“ има зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, според информациите на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.
Ова особено се однесува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.
Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид–Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, од 15 април е отворен за сообраќај за сите видови возила со максимална дозволена маса до 3,5 тони.


