АЈКУЛА ДОПЛИВА ДО САМИОТ БРЕГ НА ГРЧКИ ОСТРОВ Капачите во неверување

Животното мирно пливало во близина на луѓето, а експертите велат дека најверојатно станува збор за вид кој не претставува опасност за човекот.

АЈКУЛА ДОПЛИВА ДО САМИОТ БРЕГ НА ГРЧКИ ОСТРОВ Капачите во неверување
Фото: Принтскрин

Необична глетка ги изненади капачите на плажата Кацадија на грчкиот остров Липси, откако ајкула се појави во плитките води, веднаш до брегот. Присутните успеале да го снимат моментот кога животното мирно пливало во близина на луѓето, без да покажува знаци на агресивно однесување.

Според неофицијални проценки врз основа на достапните видеоснимки, ајкулата би можела да припаѓа на родот Mustelus од семејството Triakidae. Овие видови во Грција се познати како галеоси и најчесто се сметаат за безопасни за луѓето, пренесува „Lerosnews“. Сепак, експертите нагласуваат дека точниот вид не може со сигурност да се утврди само преку видео материјал, туку е потребна дополнителна анализа.

Ајкулите од родот Mustelus се ‘рскавични риби, односно нивниот скелет е изграден од ‘рскавица наместо од коски. Неочекуваната средба со морскиот предатор предизвика големо внимание кај туристите, кои моментот го овековечија со своите камери.

CATEGORIES
Share This