ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Проверете дали вашата населба е на списокот

Проверете дали вашата населба е меѓу погодените – делови од Горно Соње и Бардовци денеска ќе останат без електрична енергија во различни временски интервали.

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Проверете дали вашата населба е на списокот
Фото: Принтскрин

Делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, соопшти ЕВН Македонија. Планиран прекин во снабдувањето со струја ќе има од 07:00 до 16:00 часот за корисниците во месноста Коштан, во селото Горно Соње, на подрачјето на Општина Сопиште.

Исто така, од 09:00 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат дел од жителите на населбата Бардовци, во околината на црквата, во Општина Карпош.

Од ЕВН Македонија ги повикуваат граѓаните навреме да ги испланираат своите активности и да ги земат предвид планираните прекини во снабдувањето со електрична енергија.

CATEGORIES
Share This