ПЕКОЛНИ 39 СТЕПЕНИ Македонија под топлотен удар, попладне следува пресврт со дожд и грмежи

Сончево и многу топло време ќе преовладува низ земјава, но во попладневните часови во делови од Македонија се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.

ПЕКОЛНИ 39 СТЕПЕНИ Македонија под топлотен удар, попладне следува пресврт со дожд и грмежи
Фото: Национал

Денес времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Дневната температура ќе се движи од 14 до 39 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи, додека ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во одделни делови од котлината, можно е краткотрајно невреме проследено со дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This