ДВЕ ВОЈНИ, НОВИ СТРАВУВАЊА ЗА ЕНЕРГЕНСИТЕ Мицкоски откри дали Македонија има доволно гориво
Премиерот уверува дека државата има обезбедени резерви и подготвен план доколку дојде до дополнително влошување на глобалната состојба.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата будно ги следи движењата на светските пазари и состојбата со цените на енергенсите, при што се подготвени дополнителни економски мерки доколку тоа биде неопходно.
При посетата на Битола, одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски посочи дека Македонија во моментов има меѓу најниските цени на бензинот и дизелот во регионот, а според неговите податоци, во јуни земјата имала и најниска стапка на инфлација во споредба со соседните држави.
„Живееме во период на сериозни геополитички предизвици и две големи воени кризи. Наш приоритет е да обезбедиме сигурно и непречено снабдување со енергенси за граѓаните и компаниите. Располагаме со доволни резерви на гориво и имаме подготвен план доколку дојде до дополнително влошување на состојбите во светот“, изјави Мицкоски.
Премиерот нагласи дека цените на горивата во голема мера зависат од движењата на глобалните берзи, но оцени дека Владата презема активности за да се одржи стабилноста на домашниот пазар и да се спречат поголеми ценовни шокови за граѓаните и стопанството.
БУЏЕТОТ ПУКА ОД ПРИХОДИ – 169,9 милијарди денари во 6 месеци, еве каде се влеваат парите


