ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ВЛЕГУВА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА Потпишан договор што може да ја промени играта

МЕРМС и ФИКТ Битола воспоставија партнерство за дигитализација, сајбер безбедност и примена на современи технологии во енергетскиот сектор.

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ВЛЕГУВА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА Потпишан договор што може да ја промени играта
Фото: Принтскрин

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола потпишаа Меморандум за соработка за заеднички активности во образованието, истражувањето и примената на современи технологии.

Документот го потпишаа министерката Сања Божиновска и деканот на ФИКТ, проф. д-р Благој Ристевски. Соработката ќе се фокусира на дигитализација, сајбер безбедност, примена на вештачка интелигенција и развој на модерен енергетски систем.

Божиновска истакна дека поврзувањето на институциите со научните установи е клучно за успешна енергетска транзиција и приближување кон европските стандарди.

Во Собранието, пак, Комисијата за образование, наука и спорт ја продолжува седницата во 14 часот, на која треба да се разгледуваат предлог-законите за високото образование, квалитетот во високото образование и научно-истражувачката дејност. Седницата беше прекината по барање на пратеници од ДУИ поради обврски во други комисии.

CATEGORIES
Share This