НЕ БРЗАЈТЕ СО ОТПИШУВАЊЕ – МВР откри што треба да направат кандидатите

Кандидатите за Средното полициско училиште треба да ја достават документацијата, но да останат запишани во своите училишта до завршување на селекцијата.

НЕ БРЗАЈТЕ СО ОТПИШУВАЊЕ – МВР откри што треба да направат кандидатите
Фото: Принтскрин

Учениците што сакаат да се запишат во Средното полициско училиште не треба да се отпишуваат од своите матични средни училишта пред завршување на постапката за прием, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР појаснуваат дека кандидатите потребната документација треба да ја достават во оригинал или како копија заверена на нотар. Учениците кои моментално се во прва или втора година во средните училишта низ државата, остануваат запишани во своите училишта сè до завршување на процесот на селекција.

За кандидатите кои ќе бидат примени, МВР ќе склучи договор за школување со ученикот и неговиот родител, старател или законски застапник. Со договорот ќе бидат утврдени понатамошните процедури и обврски поврзани со преминувањето од досегашното училиште во Средното полициско училиште.

БИДИ ПОЛИЦАЕЦ – Оглас за прием на 150 нови полициски службеници

CATEGORIES
TAGS
Share This