И ПО ВТОРОТО ГЛАСАЊЕ ЧЕКАМЕ БЕЛ ЧАД Папата сè уште не е избран
Според вековната традиција, сигналот за успешен избор е бел чад кој излегува од оџакот на капелата, додека црниот чад означува дека гласовите не обезбедиле потребно мнозинство за избор на новиот папа.

Од оџакот на Систинската капела утрово повторно излезе црн чад, што значи дека кардиналите не успеаја да изберат нов папа ниту по второто гласање во текот на конклавата.
Процедурата за избор на 267-миот поглавар на Римокатоличката црква започна вчера попладне, а во неа учествуваат 133 кардинали од целиот свет. Првото гласање се одржа синоќа, но не донесе резултат.
Според вековната традиција, сигналот за успешен избор е бел чад кој излегува од оџакот на капелата, додека црниот чад означува дека гласовите не обезбедиле потребно мнозинство за избор на новиот папа.
Последните две конклави, во 2005 и 2013 година, траеја по два дена. Папата Франциск беше избран во 2013 година, по само пет гласања. Тој почина на 21 април оваа година, на 89-годишна возраст, и беше погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.
Со почетокот на конклавата официјално започнува периодот sede vacante – празнина на папската столица. Во овој период, управувањето со Црквата се пренесува на коморникот на Римската црква, на префектите на дикастериите и на Колегиумот на кардинали, со строго ограничени овластувања.
Процесот на избор се одвива во строга тајност зад ѕидовите на Ватикан, во атмосфера исполнета со вековна симболика и духовна одговорност.


