ВНАТРЕШНА ВОЈНА ВО ИРАН Кој навистина ја презема контролата по смртта на лидерот
Погребната церемонија откри повеќе поделби отколку единство во иранскиот врв.

Државната погребна церемонија за врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој според беше убиен во нападите на САД и Израел на 28 февруари, се одвива во атмосфера на формално единство меѓу политичката и воената елита, но истовремено ги нагласува длабоките внатрешни поделби во земјата, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на повеќе извори.
Според американскиот весник, во иранскиот врв се води интензивна борба за влијание околу изборот и позиционирањето на новото раководство, при што како клучна фигура се споменува ајатолахот Моџтаба Хамнеи. Во таа динамика, различни центри на моќ се обидуваат да ја зацврстат својата улога во идниот политички правец на државата.
Извори блиски до иранските институции наведуваат дека таканареченото прагматично крило и делови од Корпусот на Исламската револуционерна гарда (IRGC), претседателот на парламентот Мохамед Багер Калибаф, претседателот Масуд Пезешкијан и претседателот на Советот за безбедност Мохамед Багер Золгадр и засега има поголемо влијание, особено по заложбите за прекин на огнот и отворање на преговори со САД.
„Сакаме голем договор што ќе ја намали заканата од војна и ќе донесе економска стабилност. Луѓето сакаат нормален живот“, изјавил аналитичарот Мехди Рахмати, близок до владини кругови.
Иранскиот претседател, според истите наводи, изјавил дека ајатолахот Моџтаба Хамнеи ја поддржал идејата за дипломатски договор со САД, отфрлајќи го притисокот од тврдокорните кругови.
„Њујорк тајмс“ исто така наведува дека новиот врховен лидер не бил присутен на погребната церемонија, која започнала на 3 јули и трае до 9 јули, што дополнително ги поттикнало прашањата за неговата улога и влијание во актуелната политичка криза.
Според четворица ирански функционери, неговото повлекување од јавноста по повредите и неможноста да ги смири внатрешните судири придонеле за засилување на неизвесноста околу центарот на моќта во државата.
Тие додаваат дека Хамнеи не присуствувал ниту на семејна комеморација, а дел од безбедносните структури ја одбиле неговата намера да се појави на јавна церемонија во Машхад поради страв од можни безбедносни ризици.
Отсуството на врвниот лидер, според изворите, овозможило дополнително да се продлабочат политичките поделби, особено меѓу тврдокорните и прагматичните струи.
Во текстот се наведува и дека дел од настаните, вклучително и прекини во директни телевизиски преноси и јавни критики кон преговарачките тимови, укажуваат на засилена институционална борба.
„Њујорк тајмс“ заклучува дека, и покрај јавниот впечаток за единство, реалната моќ во Иран во овој момент се поместува кон военото раководство и прагматичните политички структури, додека внатрешните поделби стануваат сè поизразени.


