ОД СДСМ ДО ЗНАМ Единствена Македонија отвори старо политичко досие на Димитриевски, едно зборува денес друго правеше вчера

Од партијата прашуваат дали граѓаните ќе ја заборават политичката улога на Максим Димитриевски во периодот кога бил дел од СДСМ.

ОД СДСМ ДО ЗНАМ Единствена Македонија отвори старо политичко досие на Димитриевски, едно зборува денес друго правеше вчера
Фото: Принтскрин

Единствена Македонија реагира на вчерашната бесрамна навреда на интелегенцијата на народот од страна на претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Тој на собир во Скопје вели дека партијата ЗНАМ доследно ќе ги брани Илинденска и АСОМска Македонија, а токму тој го направи големото предавство. Во 2017 и 2018 година Максим Димитриевски беше член на Извршниот одбор на СДСМ и пратеник во Собранието, каде што гласаше за договорите со Бугарија и Грција со кои се бришат токму Илинденска и АСНОМска Македонија. Затоа, ваквите пораки денес неизбежно отвораат прашања за политичката доследност.

Единствена Македонија го реафирмира својот став дека ваквите наменски формирани партии како ЗНАМ, опстојуваат само додека се дел од власта. Кога ќе останат без функции или ќе бидат тргнати од власта, најчесто се распаѓаат, а нивните кадри се враќаат во матицата СДСМ, како што сме гледале и други партии во минатото.

Причината е едноставна – кај ваквите политички проекти доминираат личните амбиции и интересот за функции и фотелји, а не идеологијата и принципите.

Како и да е, прашањето не е дали Максим лицемерот ја менува приказната и едно зборува денес а друго правеше вчера. Прашањето е дали народот заборава!

КОГА НЕ СЕ ПРИФАЌА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Прифатете ги барем овие два амандмани за фер избори

CATEGORIES
Share This