СТИГА К-15 Еве колку пари ќе легнат на сметките на вработените од 1 јули

Од 1 јули компаниите во приватниот сектор можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, а минималниот износ годинава е околу 19.116 денари.

СТИГА К-15 Еве колку пари ќе легнат на сметките на вработените од 1 јули
Фото: Принтскрин

Од 1 јули компаниите од приватниот сектор започнуваат со исплата на регресот за годишен одмор, познат како К-15. Минималниот износ што треба да го добијат вработените оваа година изнесува околу 19.116 денари.

Висината на регресот е пресметана според просечните нето-плати исплатени во февруари, март и април 2026 година. Во овие три месеци просечните плати изнесувале 46.159, 48.433 и 48.779 денари, со што просечната основица достигнува околу 47.790 денари.

Според правилата утврдени со колективниот договор, минималниот износ на К-15 изнесува 40 отсто од просечната основица, односно околу 19.116 денари.

Право на регрес за годишен одмор имаат вработените во приватниот сектор кои имаат најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај истиот работодавач во рамките на календарската година.

Компаниите, доколку имаат можност и тоа е предвидено со колективен договор или со сопствена одлука, можат да исплатат и повисок износ од минимално утврдениот.

CATEGORIES
TAGS
Share This