КОЈ ДОБИВА, КОЈ ГУБИ Откриен пакетот на Вреди во владината реконструкција

Коалицискиот партнер ги потврди ресорите што ќе ги преземе, а најавени се и кадровски промени во култура и правда.

КОЈ ДОБИВА, КОЈ ГУБИ Откриен пакетот на Вреди во владината реконструкција
Фото: Принтскрин

Коалицијата Вреди ќе раководи со шест министерства по најавената реконструкција на Владата, потврдија од партиското раководство.

Во пакетот што ќе го добие коалицискиот партнер се ресорите за животна средина, економија, правда, европски прашања, култура и односи меѓу заедниците. Од Вреди појаснија дека Министерството за здравство не е дел од договорените позиции.

Актуелниот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали изјави дека се очекуваат кадровски промени во два ресори – Министерството за култура и Министерството за правда, но имињата на новите министри сè уште не се усогласени.

„Сè уште нема финални имиња за правда и култура. Тоа ќе бидат две нови имиња. Актуелните министри сметаме дека работат добро и ќе продолжат понатаму. Здравство не е дел од пакетот, не е наше“, изјави Сали.

Тој додаде дека разговорите во рамки на владејачкото мнозинство продолжуваат и дека сè уште има отворени прашања, но оти распределбата на шесте министерски позиции е веќе договорена.

Од Вреди посочуваат дека токму овие ресори – животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците ќе бидат дел од нивната одговорност во новиот состав на Владата.

CATEGORIES
TAGS
Share This