НОВА НАДЕЖ ВО БОРБА ПРОТИВ РАКОТ ctDNA тестот открива траги од тумор кои не се видливи на скенерите
Крвниот тест открива микроскопски траги од рак пред да се појават промени на снимките,

Современиот метод за следење на ракот – анализата на циркулирачка туморска ДНК (ctDNA), беше претставен на Универзитетската клиника за урологија. Оваа напредна технологија овозможува откривање на минимални траги од туморски материјал во крвта, дури и во случаи кога компјутеризираната томографија (КТ) и магнетната резонанца (МРИ) не покажуваат видливи промени.
Особено значајни се резултатите кај пациентите со карцином на мочниот меур, каде што раното препознавање на можниот ризик од повторна појава на болеста може да помогне во навремено и поефикасно лекување.
Од Клиниката нагласуваат дека ctDNA тестот не претставува самостојна дијагностичка метода, туку дополнителна алатка која овозможува попрецизно и индивидуализирано следење на пациентите.
„Иднината на онкологијата е во персонализираната медицина и вистинскиот третман за вистинскиот пациент во вистинско време“, порачаа од Универзитетската клиника за урологија.


