98 РОЧИШТА, ТРИ СЛУЧАИ И ЕДНА ТВРДЕЊЕ Нетанјаху заврши со сведочењето и обвини за политички прогон
Случаите 1000, 2000 и 4000 го ставија Нетанјаху во центарот на најголемиот судски процес против израелски премиер.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху последен пат сведочеше во рамки на судскиот процес против него, со што заврши главниот дел од неговото и вкрстеното испрашување во трите случаи за корупција.
По 98 рочишта, Нетанјаху изјави дека истрагата против него била обид да се пронајде каков било доказ за обвинение, но дека, според него, такво нешто не било пронајдено.
„Целта беше да се пребара сè, да се најде нешто. Не најдоа ништо. Ги испрашуваа моите роднини и моето семејство, а методите на испрашување беа неверојатни. Тие не бараа кривично дело, туку бараа лице, но не го најдоа“, изјави израелскиот премиер за Канал 13.
Нетанјаху е обвинет во три одделни случаи – 1000, 2000 и 4000 за измама и нарушување на довербата, а во случајот 4000 и за примање мито преку наводно поволно медиумско известување.
Сведочењето беше одржано пред Окружен суд во Тел Авив, бидејќи судот во Ерусалим немал соодветни безбедносни услови за присуство на премиерот.
Судскиот процес ќе продолжи во Ерусалим со сведочења на преостанатите сведоци, а целата постапка се очекува да трае уште неколку месеци.


