КИМ ЏОНГ УН НЕМОЌЕН Војник му избега од рацете преку минираната граница

И покрај минските полиња и силното воено обезбедување, севернокорејскиот војник успеал да стигне до Јужна Кореја.

КИМ ЏОНГ УН НЕМОЌЕН Војник му избега од рацете преку минираната граница
Фото: Принтскрин

Севернокорејски војник изведе драматично бегство преку една од најопасните граници во светот. И покрај строгото обезбедување, минските полиња и постојаното воено присуство, еден севернокорејски војник успеал да ја премине меѓукорејската граница и да побегне во Јужна Кореја.

Војникот бил забележан и приведен откако ја преминал демилитаризираната зона на централниот дел од фронтот во раните утрински часови. Јужнокорејските власти потврдија дека случајот е во истрага, а според вообичаената процедура, пребеганиот војник е предаден на разузнавачките служби за детално испрашување и проверка. Според јужнокорејската агенција „Јонхап“, војникот претходно наводно ја изразил желбата да замине во Јужна Кореја. Ова е прв регистриран случај на директно воено пребегнување преку границата оваа година.

Меѓукорејската граница важи за една од најопасните и најстрого чуваните во светот. Областа е преполна со мини и воена опрема, поради што директните преминувања се исклучително ретки. Поголемиот дел од повеќе од 30.000 севернокорејски пребегани лица кои денес живеат во Јужна Кореја избегале преку границата со Кина, а потоа преку трети земји стигнале до југот.

Во последните години вниманието го привлекуваат и случаите поврзани со севернокорејски војници испратени во Русија во рамките на воената соработка околу војната во Украина. Двајца севернокорејски војници, кои биле заробени во Украина, претходно изразиле желба да заминат во Јужна Кореја. Тие своето барање го доставиле преку посредници, но нивната иднина сè уште останува неизвесна.

Од Сеул порачаа дека ќе ги прифатат сите севернокорејски воени заробеници кои сакаат да живеат во Јужна Кореја и дека нема да бидат присилно вратени во Северна Кореја или Русија. Во меѓувреме, јужнокорејските и украинските власти продолжуваат со разговори за иднината на севернокорејските војници заробени во текот на конфликтот.

CATEGORIES
TAGS
Share This