ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

Политички преглед на денот, понеделник, 22 јуни 2026 година.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
Фото: Национал

Политички преглед на денот, понеделник 22 јуни 2026 година. Што објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пронајде нов начин да го зајакне идентитетот, ќе го продаде

Венко Филипче вели дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, иако ставовите на официјална Софија се јасни по ова прашање, дека сметаат оти македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека македонскиот и бугарскиот народ. Иако Филипче јасно тврдеше дека не слушнал никој до сега како источниот сосед го негира македонскиот идентитет, сепак успеа да ги усогласи своите ставови со бугарското МНР.

Тој вели дека идентитетот би се зајакнал ако Македонија ги внесе Бугарите во Уставот, и тврди дека не бил загрозен на тој начин, иако Бугарија не го испорачува својот дел од обврските. Ја обвинуваше својата држава дека создавала вештачки конфликти со соседите. Заев еднаш веќе го отвори Уставот, а Филипче чека да дојде на ред за да го направи истото.

По стапките на Заев, подготвени се и СДС и Филипче на нова национална отстапка, само за да успеат да се додворат на Радев, очекувајќи дека некој ќе ги донесе на власт, затоа што народот веќе се има изјаснето дека нема да ги гласа. Притоа, СДС и Филипче како опозиција се целосно отсутни, бојкотираат работни групи, одбиваат дијалог, и не признаваат ништо што Владата направила и што е добро за граѓаните. Нивната цел и стратегија се сведува само да се вратат на власт, без разлика по која цена и преку какви компромиси.

СДС и Венко Филипче сметаат дека не се тие криви за ваквите политики на распродажба, на редефинирање на историјата, туку народот е крив оти не ги гласа. Комплетно ја обезличија Македонија додека беа на власт, ја испразнија државната каса, а државата исто така ја опустошија. И сега сакаат народот пак да им верува и да ги гласа по сите предавства што ги направија.

СДСМ: Двојни аршини на Мицкоски – бугарски бизнис за своите, изолација за Македонија

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е меѓу најблиските соработници на Мицкоски со бугарски пасоши односно бугарски државјанин. А тој е генерален секретар на Владата на Македонија. Според документи кои се објавени во медиуми од Бугарија, Игор Јанушев е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил. Компанијата има годишен промет од околу 320.000 евра, но пријавува добивка под 10.000 евра. Додека Мицкоски и неговите најблиски соработници имаат бизнис интереси во Бугарија, истовремено ја блокираат европската интеграција на Македонија.

Додека неговите луѓе прават бизнис преку бугарски компании, граѓаните на Македонија чекаат со часови на граница поради новиот Шенгенски систем и поради немањето напредок во ЕУ интеграциите и намерната изолација на Македонија од страна на ВМРО. Организираната криминална група ВМРО има двојни аришини: За себе и своите луѓе бизнис во Бугарија, бугарски пасоши, компании со сомнителни финансиски извештаи.

За граѓаните на Македонија изолација, блокада на европскиот пат, економска криза и чекање на граница. Додека тие се богатат и прават бизнис преку Бугарија, граѓаните плаќаат цена за нивната политика на изолација. Граѓаните на Македонија заслужуваат Влада која работи за нив, а не за своите бизнис интереси во Бугарија.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Откако ДУИ предупреди на граници нан трпение, стигна жесток одговор од Единствена Македонија

Два дена јавноста е сведок на вознемирувачки изјави од страна на ДУИ, на кои им се придружија и дел од албански професори, поранешни пратеници и поранешни државни функционери, во врска со судската одлука за називите на улиците, плоштадите и мостовите во Тетово.

Наместо да се повика на почитување на институциите и владеењето на правото, ДУИ создава политичка тензија и испраќа пораки дека судските одлуки треба да важат само кога некому му одговараат.

Особено загрижуваат изјавите дека почитувањето на законските процедури и враќањето на претходните називи на јавните објекти претставувало „враќање пред 2001 година“, како и тврдењата дека Тетово е „албански град“ и дека „трпението на Албанците има граница“.

Вакви изјави претставуваат опасна политичка реторика која отвора непотребни поделби и тензии меѓу граѓаните. Единствена Македонија ваквите провокации и ги става како највисок приоритет во својата политичка агенда. Тетово е град на сите негови граѓани, но е и нераскинлив дел од Република Македонија. Судските одлуки мора да се почитуваат на целата територија на државата, без исклучок и без политички притисоци.

Единствена Македонија упатува јасна порака дека иднината на државата се гради со почитување на законите, институциите и мирот, а не со закани.

Ја користиме приликата да го реафирмираме нашиот став дека никогаш нема да ги предадеме Македонија и Македонците и за таа цел ќе ги поништиме антимакедонските и антидржавни акти со кои се рушат македонската држава и македонскиот народ. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

CATEGORIES
Share This